Quantcast
Channel: Milan Fans MKD
Viewing all 142 articles
Browse latest View live

Milan - Parma

$
0
0

Натпревар во можеби невообичаен термин, но со оглед на околностите тој еден ден одмор може многу да значи пред двомеч со најдобриот тим на светот во моментов.Милан е сеуште непоразен во Серија А во 2013 година и се надеваме дека таа традиција и ќе продолжи и утре по завршетокот на натпреварот со Парма. Млекарите пак, оваа календарска година имаат само 1 победа и многу се мачат со ефикасноста: 3 гола на последните 5 меча. Главна опасност за нашиот гол (покрај нашата несигурна одбрана) ќе биде екстра мотивираниот Џамиел Месбах кој се враќа на местото на злосторот каде што остави длабок печат и ги поставите темелеите на својата и повеќе од успешна Серија А кариера!
Шала на страна, неговиот сонародник Белфодил е хит сезонава и заедно со клетиот за нас Амаури можат сериозно да ни ги поматат плановите да ги скокнеме Лацио и Интер кој вчера вечер си го одиграа своето во европските купови.

Амелија и Робињо им се придружија на Саламон, Бонера и подзаборавениот Де Јонг на листата на повредени играчи додека пак Амброзини е суспендиран. Најважната информација е дека најдобриот играч на Милан сезонава Стефан Ел Шарави ќе добие заслужен одмор. Со оглед на неговото учество во сите 24 натпревари сезонава во Калчото и темпото со кое се развива ова младо момче, ова е помалку и логичен потег. Премногу физички напори вложува Фараонот со неговото константо орање по левата страна.
Ова од друга страна е и потег кој говори дека Макс верува дека Балотели и повратникот Монтоливо ќе бидат носители на играта и дека овој тим може да победи и без EL92.

Абијати
Де Шиљо,Мексес,Запата,Констант
Боатенг,Монтоливо,Мунтари
Нианг,Балотели,Бојан

Е тимот со кој јас би почнал и најверојатно стартните 11 нема многу да се разликуваат од овие.

Ни треба победа за да докажеме дека она во неделата со Каљари беше само лош ден и ни треба добра увертира пред мега дуелот во Среда.





                         FORZA MILAN !!!

Milan vs Barcelona - Champions League 1/8 final

$
0
0

На овој ден пред 27 години Don Silvio го превзема Милан и го претвори во тоа што е во моментов - Најуспешен клуб во светот.
На овој ден Милан има одиграно 3 натпревари во Лигата на Шампионите:
vs ПСЖ 1-1
vs Celtic 0-0
vs Arsenal 0-0
Осврнувајќи се кон минатото, и гледајќи реално на денешната ситуација нерешен исход е можеби и најочекуван, но ние како тифози на големиот Милан секогаш мислиме само на победа!
Со овој натпревар започнува оној тежок распоред каде што во рок од 10ина дена ќе играме против Барса,Интер и Лацио (сите дуели ќе се играат на Сан Сиро).


Алегри најави дека Нианг влече мала повреда поради која ќе го почне натпреварот од клупата, но другиов веднаш преку Твитер врати дека нема никаква повреда туку дека едноставно неговото отсуство од стартните 11 е само одлука на тренерот.
Тоа значи дека Боатенг повторно ќе почне и тоа во една офанзивна улога а во нападот друштво на ЕЛ92 се очекува да му прави Пацини, а само во некоја луда варијанта Бојан може да започне од старт.
Монтоливо, Амброзини и Мунтари како најискусни се скоро сигурно стартери во средината, а Де Шиљо,Мексес,Запата и Констант се најдоброто што го имаме во одбраната. Кичо ќе биде на голот нормално.

La storia siamo noi...

...и голема слика од Херберт Килпин ќе биде кореографијата која и му доликува на натпревар од ваков карактер а Curva Sud повторно се очекува да бидат на висина на задачата.
Сите очи на светската фудбалска јавност вечерва ќе бидат насочени кон Сан Сиро. Капели, Прандели, и многу многу други важни фудбалски и спортски фаци вечерва ќе бидат на Сан Сиро да го проследат најатрактивниот двомеч од ова осмина финале.



FORZA RAGAZZI!!!

IL DERBY DELLA MADONNINA, NUMERO 279

$
0
0
Во сенка на најголемата победа сезонава, одиме на мегдан со најголемиот ривал во домашното првенство. Но, дали е можно едно Derby Della Madoninna да биде во сенка на било што друго? Веројатно не. Уште повеќе што 279тото миланско дерби доаѓа во исклучително важен период за двата тима. Исти амбиции, со различни позадини на двете страни. Milanда го задржи позитивниот впечаток во 2013 и одличната серија без пораз веќе два месеца, а противникот да го поправи впечатокот од последните пет натпревари, каде само еднаш се радувал. Сепак, двата клуба влегуваат после победа во евро-куповите. Разликата е во тоа што едните ја победиле Barcelona, а другите Cluj.

Како и да е, многупати претходно се докажувало дека скоро неважни се сите тие статистики. Дербито често знаел да го добие и послабиот, оној во полоша форма и позиција на табелата. Како сега стојат работите, ние сме повеќе заинтересирани работите да си течат во нормала. Кога сме кај нормалата, многумина од нас баш вака ја замислуваа оваа сезона: позитивно расположение, одлична форма, среќен тренер, играчи и управа, оптимизам. Спротивно на тоа, резултатите на стартот ги немаше, имамве една единствена светла точка во тимот, се зборуваше за смена на тренер, а управата ниеднаш не се најде во позитивен контекст. Сега одновно многу оптимисти, но со право. Milanе комплетно различна екипа, со играчи кои не сакаат да прифатат ништо помалку од победа. Искрено ме плаши помислата што тежината на вакво едно дерби е дополнително зголемена со императивот да се продолжи да се граби кон врвот. Не само што екипите што имаа дури 13 бода предност се зад нас, туку сега, за некого и нескромно, посакуваме директен пласман во ЛШ. Но се во свое време.


Утревечер Milanќе се обиде да добие едно Дерби по три последователни порази од градскиот ривал. Сите околности за кои погоре зборував ќе речат дека сега е моментот за победа. Milan дефинитивно влегува како благ фаворит. Освен повредите на Robinhoи Flamini, Allegri не се соочува со други играчки проблеми. Неизвесноста за настапот на Pazziniи не е толку загрижувачка со оглед на очекувањата дека Balotelliќе започне како прв шпиц. Друштвото во нападот се комплетира со SES и Niang. Во интервју од вчера, капитенот Ambroкажа дека посакува нов настап од старт (ако не, прва опција би бил Muntari), заедно со сигурниот Montolivoи Boa кој ќе биде повлечен во средината. Abate и покрај комфорот од неиграњето на Milito, веројатно ќе остане на клупа, на сметка на настапот на De Sciglio. Mexes и Zapataсе најсериозни кандидати за стоперските позиции, а доколку не се искомпликува ништо со Constant до утре, тој ќе започне на лев бек.За истакнување е и првиот повик на Bartosz Salamonво првиот тим.

Milan е на правата патека. Тоа го потвдија денес и Berlusconiи Gallianiи Allegri. Но за комплетен впечаток од овој круцијален период ќе ни треба победа во Дербито. Момците не смеат да дозволат самодовербата да ги прелаже и убаво да се изгорат во мечот каде што неуспехот најмногу боли. Млади се, ама веруваме во нивната зрелост и квалитет. Знаеме дека можат преку овој Printer, можат многу далеку. Штиклиравме во средата, на ред се комшиите.

MILANO SIAMO NOI, SOLO NOI!!!

Борба за трето место!

$
0
0

Можеби во сенка на вечерашното дерби помеѓу прво и второ пласираниот тим, во сабота вечер силите ќе ги одмерат и трето и четврто пласираниот тим на табелата!!
Ова коло може многу да не издигне, но и многу да не спушти затоа мора да се победи за конечно сезонава да бидеме осамени на тоа толку посакувано трето место.
На последниот прес Макс повторно ги отвори картите и разјасни многу дилеми околу составот.
Имено Бало добил некој удар против Интер и не тренира цела недела така што нема да да биде во составот. Констант сеуште се опоравува и мали се шансите да започне утре. Ел Шарави не е 100% и доколку тој не е во состојба да почне Бињо ќе го завземе неговото место. Според нашиот тренер Нианг има падови и успони во играта и затоа е и моментално на клупата. Во одбранатата ќе има мала дилема околу тоа дали Јепес ќе го завземе местото до својот репрезентативен колега или за првпат сезонава ќе дебитира Закардо. Според мене нема дилеми и поискусниот ќе почне од старт. Мексес е суспендиран и според сите работи што ги кажа Алегри вака би требало да изгледа нашиот тим утре:

Абијати
Абате-Запата-Јепес-Де Шиљо
Ночерино/Фламини-Монтоливо-Мунтари
Боатенг-Пацини-ЕЛ92/Робињо

Мене лично Лацио ми се едно од најантипатичните тимови во лигата, и наша должност е да им вратиме за тесниот пораз на стартот на сезоната.
Во продолжение и календарот за овој месец за да знаеме горе-доле каков распоред ни предстои.


FORZA MILAN !!!




Genoa vs Milan

$
0
0

Иако сите со мислите сме на Ноу Камп на тимот му предстои едно не така лесно гостување кај нашите деловни соработници и нашиот добар пријател Прециози благодарение на кои Милан преку неколку зделки осетно го засили тимот. Макс изјави дека ќе го изнесе најсилниот можен состав не размислувајќи на дуелот на годината за нас во вторник. Балотели повторно тренира но нема да биде стартер, а и покрај изјавата на нашиот тренер се очекува и некој од Амбро,Пацини,Запата и Абате да биде одмаран за дуелот со Барса.



Во противничкиот табор пак, очите ќе бидат вперени кон Бартолачи за кого Галијани е сериозно загреан, но и кон Марко Ван Бориело кој ги "почитува" поранешните клубови Рома и Јуве но не и тимот кој го направи тоа што е тој во моментов.
Три бода ќе бидат одлична увертира за натпреварот што ни предстои, а и воедно одржување на третата позиција втора недела по ред што би значело многу со оглед на распоредот кој го имаат нашите ривали. Бод пак за Џенованите би било рамно на победа и ништо чудно и да одиграат на таа карта, затоа мора да се започне натпреварот агресивно, да се контролира топката во поголемиот дел од мечот, да се игра концетрирано во одбраната и резултатот ќе си дојде сам по себе.
Петок 20:45, Телма Џенова - Милан


FORZA MILAN !!!

Подготвени?

$
0
0

Подготвени сте за спектаклот кој ќе следи утревечер? Подготвени сте за епската пресметка меѓу двата клуба кој го одбележаа светскиот и европскиот фудбал во последните 2 декади?  Подготвени сте да играте против најдобриот тим на светот на нивниот храм пред 90.000 Каталонски грла?
Фудбалска класика во 1/8 финалето на Лигата на Шампионите, само еден од овие два елитни клуба ќе продолжи во следната рунда. Рано испаѓање на секогаш фаворизираната Барса ќе биде своевиден шок за европската јавност - шок кој тие ќе дадат се од себе да не се случи. Но за нас, вистинските Росонери продолжување на традицијата на играње на фантастични партии во европски рамки не ни е непознат поим.


Многу веѓи беа подигнати после натпреварот на Сан Сиро кога Барселона беше тотално отсечена, и најголемите критичари му аплаудираа на Милан кој под диригентска палка на Мистер Алегри успеа да направи нешто што многу екипи само го посакуваат.
Немаше многу еуфорија од страна на нашиот тренер по тој натпревар, пред се бидејќи знаеше дека тимот доби една важна битка, но војната сеуште не е завршена. Второто полувреме од овој двомеч ќе даде многу одговори за нашиот тим и ќе го трасира патот по кој оди оваа сезона. Евентуална елиминација е епилог кој не би сакале да го видиме, пред се поради тоа што ќе ни останат само 10 натпревари и премалку фудбал на највисоко ниво до крајот на сезоната.
Продолжување на европската приказна пак ќе значи многу интересна завршница на сезоната, многу поголем финансиски прилив и она што најмногу нас не засега - добар фудбал.


Нашиот херој викендов Пацини ќе отсуствува поради едно невнимание на Портанова, кој иако го оневозможи Пацо да го продолжи натпреварот неможеше да го спречи да даде еден одличен гол, куцајќи. Други поголеми рокади нема во составот и погодување на стартните 11 нека продолжи низ коментарите.
D-Day, најважниот меч за нас годинава. Барселона го има целосниот респект од нас исто како што и тие не почитуваат нас после првиот дуел меѓу овие две екипи. Но тоа незначи дека се плашиме, бидејќие НИЕ сме Милан и Милан не се плаши од никого!!!


"Нашите бои се црвена - како оганот бидејќи ние сме тим на ѓаволи, и црна како стравот кој го предизвикуваме кај нашите противници." - Х. Килпин, 1899


DAI DAI DAI MILAN !!!

Milano siamo noi

$
0
0


Главата горе момци, се обидовме, како што кажа Макс сантиметри до целта бевме но тоа е тоа, спортски поздрав и повеќе среќа следниот пат.
Не е важно сега дали Меси бил малце во офсајд, или Пике играл со рака, бидејќи Барселона ни даде 4 причини зошто моментално се едно ниво пред нас. Реално гледано не очекувавме ваков исход, но пред почетокот на онаа фантастична серија која започна во новата година апетитите ни беа задоволени, затоа што двомеч со најдобриот тим во светот во моментот можеби не беше најидеална опција за нас.
Се враќаме викендов онаму каде што застанавме, а тоа е борба за второто место (ни рипна стандардот) на табелата и освојување максимум бодови до крајот на сезоната.
10 натпревари:

Палермо(дома)
Киево(гости)
Фиорентина(гости)
Наполи(дома)
Јувентус(гости)
Катаниа(дома)
Торино(дома)
Пескара(гости)
Рома(дома)
Сиена(гости)

Малце е нереално да извадиме 10 од 10 но мое лично верување дека со 6 победи,2-3 нерешени и 1 максимум 2 порази второто место ќе биде наше.
Палермо,Киево,Катаниа,Торино,Пескара,Сиена на хартија би требало да бидат 4-5 победи и некој нерешен исход, ама 5 од овие 6 екипи се во опасната зона што значи дека нема така лесно да ги дадат тие бодови.
Мое видување е дека победа против Наполи и Рома како и да се остане непоразен на Артемио Франки ќе биде клуч за остварување на нашата цел покрај освојување на колку што можеме бодови против гореспоменатите противници.
До крајот на месецот ни останува натпреварот в недела потоа следи интернационална пауза поради квалификациски дуели па за крај на месецот гостување кај Летечките Магариња.
Нема за што да жалиме момци одиме напред!



FORZA MILAN PER SEMPRE !!!

Allegri Vs рингишпилот на Zamparini

$
0
0


Завршивме со Coppa, завршивме со CL, останува борба за CL во следната сезона. За да ни биде финишот поинтересен и за да имаме нова цел кон која се стремиме, се обидуваме и да стигнеме до второто место, место кое директно води во ЛШ следната сезона. Денес на гости ни доаѓа тимот со најрасштрафаната клупа сезонава и во последните 20тина години. Сите имаме фетиш, фетиш има и Zamparini. Сопственикот на Palermo по своето доаѓање на чело на клубот има сменето 26 тренери, неколку од нив на повеќе пати. Успеа да го направи Palermo од еден респектабилен клуб со солидна база и резултати до клуб кој ита кон Serie B. Но толку за фетишот на Zamparini.

DAIIII RAGAZZI!!! E ANDIAMO!!!



Вакви натпревари против грогиран противник веднаш после ЛШ меч знаат да бидат многу опасни! Затоа мораме максимално да се посветиме на денешниот меч и на дуелот кој следи. Allegri изјави дека ќе има 2 измени во средниот ред и една во последната линија. Во офанзива ќе започнат Boateng, Balotelli и еден од El Shaarawy или Robinho. Во средината е можно да добие старт Traore а сигурен за настап е Montolivo кој ќе игра како regista и ќе го покрие местото на Ambrosini. Во дефанзива е можно да добие настап по подолго време, нашиот Golden Boy.




Одиме на победа, одиме на убедлива победа! Што побрзо кршење на отпорот, толку полесен и поубав меч за гледање.

Кога сме кај убавите работи за гледање, ГЛЕДАЈТЕ ГО ОВА! 




Forza Milan!!!

Освојување на Bentegodi!

$
0
0

Помина еден од најтешките периоди за секој фан на фудбалски клуб, репрезентативната пауза. Веднаш по неа, одиме на јуриш на Bentegodi. Таму нè очекуваат неколку познати фаци, пред се Paloschi и Acerbi. Palo изјави дека му недостига постигнувањето на голови и дека доколку постигне гол против Milan, ќе слави. Ова многу повеќе го ценам од идиотскиот пристап на типот со симптоматични фризури. Acerbi е Acerbi, за недоволниот квалитет кој го поседува за играње во еден голем клуб како Milan, го обвини клубот. Тоа значи дека денес можеме да очекуваме наострена бемка.


Во ростерот на светиот тим, ситуацијата е матна. Не можеме да сметаме на De Jong, Boateng и Pazzini во прв план, фудбалерот кој се наоѓаше во одлична форма пред идиотскиот старт на Portanova. Останатите, повеќе или помалку сите се во строј и спремни за игра. Allegri размислува само за 2-3 позиции на теренот но тимот отприлика би можел да изгледа вака:


Една од дилемите е токму изненадувачкиот старт на Binho. Другата варијанта е таму да започне Niang. За одбележување е дека вечерва за прв пат Salamon ќе биде директно вметнат во ростерот (ќе го започне мечот на клупата за резерви). Во дефанзива е можно Bonera да добие натпревар по долго време а на левата бековска позиција ќе настапи момчето кое со својата смиреност, скромност и зрелост ги гали срцата на сите италијанци во последно време, особено на фановите на италијанската репрезентација.


Продолжуваме онаму каде што застанавме пред паузата! Одиме на нова победа и нова пресија кон второто место! 

Dai Ragazzi!!!

Кон Фиренца!!

$
0
0

Со капетанот на чело го започнуваме патот кон најтешкиот дел од сезоната!
Виолетовите ни се должници, според многумина (не и јас) токму поразот на овој ден пред точно една година беше моментот на пресврт во сезоната кога Милан ја загуби титулата во домашното првенство. Фиорентина според мене е единствениот тим кој може да се замеша во трката за третото место кое во моментов ја водиме ние и Наполи. Но со евентуален пораз тие ќе бидат на -9 од третото место и затоа ќе дадат се од себе тоа да не се оствари. На првиот натпревар сезонава Милан беше понижен на домашен терен, но вреди да се спомене дека ова е еден друг тим со други амбиции, друг пристап кон натпреварите и најважно од се: победнички тим.


Рикардо Монтоливо несомнено ќе има свои посебни мотиви против тимот во кој се афирмираше во играчот кој е сега, и сите најави велат дека утре напладне во срцето на Тусканија, во градот на ренесансата нема да биде пријатно пречекан.


Абијати, Абате, Запата, Мексес, Де Шиљо, Фламини, Монтоливо, Мунтари, Боатенг,EL92 и Балотели се без дилема стартери освен ако не искрсне нешто во последен момент.
Последните информации велат дека Јоветиќ ќе биде во составот кај противникот што задачата утре дополнително може да ни ја отежни
За мене лично овој термин од 12:30 е совршен и не се сеќавам кога последен пат игравме во ова време. Нашиот главен конкурент во моментов Наполи, ја пречекува Џенова доцна попладне и не ќе биде лошо да добиеме некој поклон од Прециози и пријателите, а како шлаг на утрешната Италијанска фудбалска класика ќе биде Римското дерби од 20:45.

FORZA MILAN !!!

Резиме + Дерби за директен пласман во ЛШ

$
0
0

Таму некаде во првата третина од оваа сезона, се во Milanello и околу него беше во тотален хаос. Така барем изгледаше од страна. Беа продадени двата столба на тимот, подоцна беше продаден и неблагодарникот, по негова желба (затоа што сакал да игра во тим со амбиции). Резултатите на почетокот од сезоната беа ужасни, сите (зајадливи) предвидувања одеа во насока на тоа дека Milan сезонава ќе се бори за опстанок. Ова особено беше потенцирано од нашите комшии.
Една работа беше евидентна и очигледна. И покрај сите лоши резултати и турбулентен период, раководството беше цело време зад Allegri а Curva Sud беше цело време со неограничена доверба во раководството. Тимот полека се градеше одново, застануваше на цврсти нозе и се враќаше во ритам, играчки и резултатски.
Сето ова се поклопи со доаѓањето на Barbara во бордот на Milan.
Каде е Milan денес? На плус 8 од комшиите (кои едвај извлекоа жива глава во директниот дуел), на само 4 бода од второто место кое директно води во ЛШ, следната сезона. На директен дуел против екипата која се наоѓа на тоа второ место! Тимот еволуираше многу! Тимот еволуираше тактички, тимот доби неколку фудбалери за следната декада, фудбалери кои уште сега се носители на играта а сè уште се голобради момчиња (De Sciglio 20, El Shaarawy 20, Niang 18).  Тимот еволуираше и економски. Според зборовите на Barbara од пред неколку дена, во моментов Milan е ЕДИНСТВЕНИОТ тим од големите екипи во Италија кој сам за себе си генерира приходи и не зависи од финансиски инјекции од својот сопственик. Milan веќе не е галениче на Berlu сениор и Milan веќе не мора да чека на добрата волја на својот сопственик за да добие скромни средства за трансфер периодот. Milan одлично го користи својот бренд и сам си ги заработува приходите. Milan вложи многу во младите категории, буквално на сите нивоа. Резултатите од овој начин на работење ќе се забележат допрва. Веќе следната сезона во сениорскиот состав ќе се приклучи Bryan Cristante (избран за најдобар млад фудбалер на Viareggio Cup, најдобриот турнир за млади фудбалери во светот). Се чини, најмногу се очекува од онаа Allievi Nazzionali генерација, односно фудбалери под 17 години, кои во моментов се предводени од Pippo Inzaghi. Генерација која има куп фантастични таленти.
Milan оди во добар правец! Milan има своја цел и цврсто граби кон неа!


Меѓу повиканите за мечот против Napoli, очигледно недостигаат во прв ред Balotelli и Ambrosini. Balo доби суспензија (ќе го пропушти и Juventus) поради наводно навредување на линискиот судија после мечот во Firenza. Среќна околност за Milan е тоа што во тимот се враќа Pazzini кој беше фудбалерот со најдобра форма во тимот пред да се случи оној кобен и идиотски старт на Portanova. Друштво во офанзивното трио покрај El Shaarawy ќе му прави и еден од Boateng или Niang. Триото во средината (во недостаток на De Jong и Ambrosini) ќе го сочинуваат Montolivo на regista, придружуван од Flamini и веројатно Muntari (доколку Boateng остане на ARM). Во одбраната само една измена, Constant ќе добие предност пред De Sciglio. Остатокот од одбраната ќе го сочинуваат Mexes Zapata и Abate.
Евентуална победа ќе нè донесе на само еден бод од втората позиција и што е уште поважно, во најмала рака ќе ја задржиме разликата од оние што бркаат трето место. Моментумот е на наша страна и мораме да го искористиме!

FORZA MILAN!!!

Станува ризично!

$
0
0


До 10тина минути пред крајот на денешните натпревари од Calcio, сите карти беа на наша страна. Сепак, Napoli победи а што е уште поопасно победи и Fiorentina која сега се наоѓа на само -1 од Milan а има многу полесен распоред до крајот на сезоната. Оние испуштени бодови во Firenza сега добиваат на значење. Milan мора да игра внимателно, сигурно и пред се, ефективно до крајот на сезоната. Вечерва играме на гости на Juventus Arena, меч кој освен резултатско има и друго значење, станува збор за гордост. Повторно ќе настапиме без Balotelli кој доби намалување на казната од 3 на 2 меча ама какво фајде кога тие 2 меча што ги паузира се токму против првите два тима на табелата. Pazzini, El Shaarawy и веројатно Boateng ќе се обидат да го начнат Buffon а зад нив шанса во првите 11 ќе добие и Ambrosini покрај Montolivo и веројатно Muntari. Во одбраната има една непознаница, позицијата лев бек. Ни треба еден добар резултат за повторно да ја вратиме самодовербата! Forza Milan!!!

Враќање на победничките патеки!

$
0
0

Ваков самоуверен наслов му ставив на постот кој мора да не врати во формата од новата 2013та година. Последните 3те неповолни резултати со во моментов 3те најголеми ривала се добар показател дека местото во ЛШ нема никој да ни го подари, и дека ефектите од лошиот старт ги трпиме сега, па дури ни неверојатниот старт на годината не беше доволен за да се зацементира местото во ЛШ.
Катанија ни доаѓа во вистински момент, на вистинско место. Милан е гладен за победа која ја нема почуствувано точно 27(утре 28) дена!! Еден фудбалски месец без победа е премногу за тим од највисокиот ранг без разлика во каква форма се наоѓа.
Балотели се враќа во составот и е се очекува да започне од старт, а на последното интервју Алегри рече деке не е сигурен дали ќе го игра Боатенг во нападот и средината.
Абијати и Амброзини се аут a Макс е повторно во дилема дали Де Шиљо или Констант на левата бочна позиција. Има и можност каде што и Ночерино конечно ќе заигра малце фудбал покрај Монтоливо и најверојатно Фламини, иако и Мунтари е опција за во средината.
За проблемите што ги има Катанија не треба да ви пишувам многу пред се зошто ни мене а ни вас не ве интересираат.


Нема многу филозофија, Недела 20:45 Телма.

FORZA MILAN 

Одиме на +4!

$
0
0

Во турбулентен период во и вон теренот, го пречекуваме тимот на Torino во натпревар кој може да нè однесе на прилично сигурни +4 на само 3 кола до крајот и да ни даде ас во ракавот за самиот финиш. Благодарение на комбинацијата среќа + Osvaldo, Roma ни направи одлична услуга синоќа и сега е на нас редот да си ја завршиме домашната работа.
Сега обично се почнува со она клише дека нема да биде лесно, дека Torino е незгоден противник и дека мора максимално сериозно да пристапиме но едноставно мора да победиме! Torino (па и било кој друг тим од Calcio) не е противник против кој треба да се плашиме и да правиме калкулации, мораме на победа!
За жал, единствената креативна нишка во тимот (Montolivo) е во аут веројатно до крајот на сезоната па до финишот на сезоната би требало да гледаме повеќе директна игра, побрзо префрлање на топката кај офанзивната тројка па евентуалната креативнист ќе ја чекаме во самиот напад. Во повиканите за мечот против Torino се наоѓа (според многумина природната замена за Montolivo веќе од следната сезона) Cristante и се надевам дека момчето ќе добие некоја минута на теренот, во второто полувреме.
Во недостиг на Montolivo, постои и можност од благо ретерирање од стандардната 4-3-3 во 4-2-3-1 затоа што немаме фудбалер кој може да нагази на топката во средниот ред. Како и да е, веројатно најголемата дилема ќе биде дали Boateng да игра во средниот ред или офанзивно по крилата. Од неговата позиција ќе зависат и останатите кои ќе настапат, особено во самиот напад. Balotelli е сигурен, El Shaarawy има проблем со зглобот па веројатно нема да биде во стартните 11. Можно е на негово место да добие старт Robinho, Allegri уште не сака да ги пушти Pazzini + Balotelli од самиот старт.
На крајот на краиштата, не се важни стартните 11, важна е победата!
Евентуалната (задолжителната) победа против Torino ќе нè донесе на +4 на 3 кола до крајот. Во тие 3 кола играме против Pescara и Siena во гости и против Roma, дома. Доколку победиме 2 од тие 3 дуели и математички сме на третото место и во ЛШ. Значи ни требаат 3 победи во последните 4 кола (вклучувајки го и ова денес).

P.S Постојат шпекулации дека Allegri е на чекор од 3 годишен договор со Roma и единствено неговиот потпис фали за се да биде затворено. Што мислите за ова? Дали тоа според Вас е добра или лоша вест? Дали воопшто верувате во оваа шпекулација и дали мислите дека би биле подобри без него (и со кого)?

Уште еден P.S, денес Juventus ќе ја прослави новата титула во Calcio. Сезона во која тимот од Torino беше убедливо најдобриот тим во Италија и сосема заслужено заврши на првото место. Честитки за Juventus Arena.

Против отпишаните!

$
0
0

Уште многу малку остана до крајот на оваа сезона. Рано е да се прават заклучоци за истата иако повеќето од нас си ги имаме донесено, но со цел сезоната да се смета за успешна Милан мора да го добие последното место кое води во квалификациите за Лигата на Шампионите.
На три кола до крај разликата изнесува 4 бода од најблискиот ривал зад нас и со победа против фенерџијата ќе бидеме чекор поблиску до целта. Во исто време пак, доколку Виола киксне против Сиена или Палермо во наредното коло (тимови кои грчевито се обидуваат да ја фатат последната сламка за спас) тогаш работата ќе ни биде значително олесната.


Околу составот, Макс рече дека средината нема да претрпи промени и дека Амбро ќе биде на распололаѓање но нема да го искористи освен ако нема потреба за тоа. Де Шиљо ќе биде на располагање и можно е да влета во составот по една од бочните позиции. Во нападот Бало стартува напред а СЕС лево, останува прашањето дали Нианг или Робињо ќе делуваат по десната страната иако за мене нема дилеми помладиот дефинитивно треба да стартува. Боатенг е суспендиран како што веќе знаете и мислам дека веќе добивме сите една слика како ќе изгледа тимот.
Најверојатно нема да има пренос на тв така да ќе мора да се снаоѓаме со шити стримови.



FORZA MILAN !!!

Заверка на билетот за ЛШ!

$
0
0

Дојде денот кога конечно треба да го завериме билетот за ЛШ, во следната сезона. На гости ни доаѓа Рома која направи одлична услуга годинава, најпрвин со победата во гости против Наполи а веднаш потоа со пораз дома, од Киево. Фиорентина денес победи и тоа диригира нова победа на Милан. Нема многу филозофии, победа вечерва и се ќе биде јасно. Евентуален неуспех ќе значи матно последно коло. Во нашиот тим неизвесен е настапот на Балотели кој има симптоми на грип. Можен е старт на Амброзини и Де Шиљо, на позиција на десен бек.


Одиме на победа за решавање на сите дилеми и последно коло без резултатско значење кое нели Allegri нормално ќе го искористи за да му даде шанса од самиот старт на Traore, на пример.

FORZA MILAN!

Последната скала!

$
0
0

38мо и последно скалило сезонава. Иако можеби не го гледаме така, многу зависиме од ова последно коло. Пропаст од епски размери и лоша PR одлука ќе биде ставањето на логото на Лигата на Шампионите на дресот минатата недела доколку не успееме да се пласираме на третото место, но за тоа да не се случи утре ќе треба да се погрижат овие момци.


Монтоливо ќе стартува на изненадување на сите и на мое големо задоволство затоа што се враќа единсвениот креативец во тимот, единствениот играч што знае да ги сврзе средината и нападот. Друштво ќе му прават двајца од Фламини, Амброзини и Ночерино. Во нападот Балотели е сигурен стартер, а постои и можност Пацини да започне како најистурен а Балотели да игра веднаш зад него.
Одбраната горе долу е иста и за очекување е Абате и Констант да покриваат по страните, а Запата и Мексес да бидат во последниот ред на одбрана пред Абијати.
Сезоната ќе се сумира во еден натпревар и дури по 22:40 утревечер ќе може да носиме заклучоци  за истата. Останува отворено и прашањето околу тренерската позиција, а се очекува да се затвори веќе в понеделник наутро официјално. Шпекулации и индикации околу жешката столица ќе има милиони, и вечер и утре.
Телма ќе ни го удостои задоволството да го гледаме Милан утре, но во комбиниран пренос со Фиорентина - Пескара, иако мислам дека ние ќе бидеме во фокусот на преносот.


FORZA MAGICO MILAN !!!

CHAMPIONS LEAGUE SPOT - CHECKED!!!

$
0
0


Ви олесна, а? :) Каков финиш на сезоната, убиствен за оние со послабо срце. Минути не делеа до вистинска пропаст, до растурање не една убава приказна, на еден концепт за поинаков Milan. Неколку минути и само еден гол можеше да сруши се, една прекрасна полусезона и толку напор вложен за тоа магично трето место. Но не испадна така. Тоа не го дозволи едно момче што има способност да гледа 2-3 секунди во иднината секогаш кога шутира пенал и едно друго момче, стопер, што обично шутира со ножички, ама одвреме навреме знае да одигра во противничкиот шеснаесетник како да е роден напаѓач. Екстаза! Ах да успеам да најдам видео со реакциите на виолетовите плачковци кога дознаа дека мечот во Сиена сепак беше наместен.

Мора да признаеме дека цела оваа радост изгледа лудо. Колку многу се радуваме на местото што води самово квалификаците на ЛШ, но од друга страна ова е вистинско чудо за една екипа што после два месеца калчо беше на третото место гледајќи оддолу нагоре. Какво достигнување, каков перформанс, заслужена награда. Ова беше една убава лекција за овој млад тим. Верувам дека сезонава научија оти не се живее на стара слава, дека победата не паѓа од небо, дека и отпишаните знаат да изненадат и дека никој не смее да биде потценет. Сега момците нека слават, управата нека размислува како и со кого да го продолжи овој прекрасен проект, а тренерот само нека чека што ќе решат со него. И онака никогаш за ништо важно не одлучувал. Него, дури и со оние одлука кои се само негови, не му оди најдобро.

Како и да е, до Август и борбата за дефинитивен влез во големото друштво има доволно време за некои промени и добра припрема. Дотогаш, да се фрлиме на богатото меркато кое се најавува и секако на Купот на Конфедерации!

Бонус: За тие што можат да гледаат, еве ја реакцијата на Tiziano. Јас не се осудувам да гледам, страв ми е дека не издржал :)


COPPA CAMPIONI - IL NOSTRO DESTINO!!!

Продолжуваме со Allegri!

$
0
0


Постојат сèуште непотврдени информации за евентуално продолжување на договорот со клубот до 2015 година но една работа е сигурна, Allegri останува на клупата на Milan. 
Во која насока одат Вашите размислувања?

Наследникот на Maldini?

$
0
0

Дозволете ми да Ви го претставам момчето за кое веројатно ќе слушате многу повеќе во иднина. Alessandro Mastalli е актуелниот капитен на момчињата на Super Pippo и момче за кое сите се согласуваат дека поседува аура која долго време недостига во тимот, аура како онаа на Il Capitano! Секоја чест на Ambrosini, Ganz или Petagna но Mastalli е капитенот кој никогаш не гледал меч од клупата. Момчињата на Super Pippo имаат 10 различни формации и во сите нив фигурира Alessandro Mastalli. Момчето следната сезона веројатно ќе настапува за Primavera и сите се сигурни дека ќе продолжи со капитенската лента и таму. А нема причина да биде поинаку. Момчето е фудбалер кој ги прави сите околу себе подобри, вистинки спиритуален лидер на теренот.


Кој е Alessandro Mastalli? Ale е роден на 7ми Февруари, 1996 година и е син на Ennio Mastalli, бивш фудбалер кој кариерата ја започнал во 70тите и ја завршил во раните 90ти. Настапувал за Bologna, Varese, Catania, Lecce. Бил на чекор од трансфер во Milan (фан на Milan од мали нозе) но трансферот се изјаловил. Затоа неговата желба ќе се оствари преку неговиот син.


Малиот Alessandro почнува да игра фудбал на 5 годишна возраст. Набрзо неговиот талент бил забележан од скаутите на Bologna и Modena. Одејки по стапките на својот татко, се одлучува за Bologna. Во Bologna настапува 5 години и интригантно, во 1/16 финале губи токму од екипата на Milan која во својот состав ги има за тие прилики страшните Bryan Cristante и Andrea Petagna (денешни членови на сениорскиот тим). Сепак овој пораз се покажал среќен за Ale затоа што буквално ги импресионирал скаутите на Milan во настапите против црвено црните и само 2 месеци подоцна добил повик од Milan кој без размислување го прифатил. Веќе во првата сезона со новата екипа го освојува трофејот Scirea на кој е избран за најдобар фудбалер. Трофејот го добива лично од Il Capitano!


Веќе следната сезона Alessandro настапува со играчи кои се поголеми од него но одлично се вклопува во тимот и постигнува 3 гола во првите 6 натпревари. Сепак, сите слушнаа за него во сезоната која што измина, по доаѓање на клупата на легендата на клубот, Filippo Inzaghi. Големината на Mastalli не само како фудбалер туку и како личност ја сподели и самиот Pippo, во едно интервју. Убаво се сеќавам на тоа интервју кое го читав лично и во кое Pippo рече дека Mastalli ја има аурата на Paolo Maldini, дека тоа е капитен кој буквално го сака секој во тимот. Тогаш Pippo сподели една интригантна ситуација. Кога тој дошол на чело во клубот, ги натерал сите фудбалери тајно да гласат за својот капитен. Од 25 гласа, дури 24 гласале за Alessandro Mastalli. Единствениот кој не гласал за Mastalli, бил самиот Alessandro кој бил скромен и не гласал за самиот себе, туку за друг колега! Тоа кажува многу!
Super Pippo се покажа како тренер (а таков беше и како фудбалер) кој не сака да дели комплименти на индивидуи и за него секогаш тимскиот успех е на прво место. Сепак, Mister Inzaghi дели комплименти за Mastalli, на сите страни! Го споредува постојано со Maldini, харизмата која ја поседуваат и двајцата и љубовта кон нив буквално од сите во клубот. 


Allesandro Mastalli има 17 години, висок е 175 цм а тежок 75 кг. Го носи дресот со број 8 и природно настапува како десна mezzala во средниот ред составен од тројца фудбалери. Оваа негова позиција не е постојана затоа што Pippo сака постојано да го шета на различни позиции и има неограничена доверба во неговите квалитети. Ale е класичен фудбалер од средниот ред, подеднакво е добар во дефанзивните и офанзивните задачи и претставува столб буквално на целиот тим. Момците на Pippo можат да се миксаат во дефанзива и офанзива но тимот не може да се замисли без Il Capitano Mastalli во него! 

 

Иако на почетокот на својата кариера тој започнал како regista пред дефанзивците, сепак сега е се поблиску до напаѓачката линија и во моментот ја држи буквално цела десна страна од теренот. Повеќе од се, него го красат неговата брзина и неговата неверојатна тешка работа. Не знае да застане буквално ниту една минута од мечот и постојано е во движење. Прв е во дефанзива и прв во напад, неретко и пред напаѓачите. Super Pippo ги забележал квалитетите на момчето и пред се тоа дека главата му стои цврсто на раменици па му дава слободна ролја во средниот ред верувајки во неговата луцидност и интелигенција на теренот. Момчето има одличен удар, претежно ја користи десната нога но нема проблеми да шутира одлично и со левата. Сезонава постигна 6 гола (се наоѓа на третото место во тимот, веднаш зад напаѓачите) и има голем број на асистенции. На натпреварите се забележува и фактот дека момчето размислува 2-3 потези однапред со што некогаш неговите соиграчи имаат проблеми да ја прочитаат целата акција. 
Друга огромна предност на Mastalli е притисокот, буквално! Момчето врши невиден притисок врз противникот во текот на целиот натпревар, се обидува секоја топка да ја одземе без разлика дали со лизгачки старт, standing tackle или едноставно со константен притисок кој ќе го натера противникот да згреши! И не застанува! 
Уште една голема предност која ја потенцираат сите што го следеле, на чело со Pippo е неговата присебност. Иако станува збор за капитен на тимот кој е избран едногласно од сите соиграчи, иако станува збор за фудбалерот кој никогаш не пропушта меч, тој е многу присебно момче! Не дозволува никаква слава да му удри во глава и цврсто гази по земја! Како што самиот тој изјави во една пригода: Only the one who believe in himself can continue to grow. 
Неговото лидерство извира од него на секоја педа од теренот. Оди прв да честита на секој погодок, без разлика колку е големо водството на мечот. Знае да даде поддршка и да разговара со соиграчите кои направиле неколку грешки во серија, укажува на подобрување во играта, знае да разговара и со судијата кога смета дека тој донел погрешна одлука но со голема коректност! Исто така знае и да го потчукне по глава некој соиграч кој почнува да го повлекува топката во текот на мечот и се заборава во својата индивидуалност. Поседува уникатна и огромна харизма и тимот го обожава!

 

Момчето како и сите професионални спортисти има некои свои хирови и суеверија за кои не сака да разговара јавно. Пред секој натпревар се втурнува буквално лице во лице со познатиот психолог на тимот,  Roberto Boerci и зборуваат нешто очи во очи. Она што го зборуваат засега останува голема тајна.
Исто така, секогаш кога постигнува гол, го бакнува амблемот на клубот за кој е емотивно поврзан!


Минатата година, Aldo Dolcetti кој во тоа време беше тренер на Primavera имаше големи пофални зборови и за Alessandro Mastalli. Доколку сезонава биде се како што треба, за очекување е Il Capitano Mastalli да биде со капитенската лента на Primavera во историскиот прв настап на Primavera во еден натпревар од Лига на Шампиони за млади екипи во Европа!

Со оглед на тоа дека очите на сите во Milanello се насочени кон него, нема да биде чудно доколку Mastalli добие повик и од Allegri да учествува барем во тренинзите на првиот тим а зошто не и да чека шанса од клупата на некој натпревар од Serie A.

Сите познавачи на приликите во Milanello, се согласни во едно: Ваква капитенска харизма во Milan не се појавила од времето на Il Capitano, Paolo Maldini! 



P.S Текстот беше прераскажан од статија на http://acmilanfan.ru



Viewing all 142 articles
Browse latest View live